Ноќва во 02.30 часот, на паркинг на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид од слобода ги лишија М.К.(33) и Н.С.(38), двајцата од Охрид.
При преглед извршен во патнички автомобил „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, во кој се наоѓале, М.К. е затекнат при користење бела прашкаста материја, а по дополнително преземените мерки, кај Н.С. пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и марихуана, велат од МВР, додавајќи дека по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.