Полициски службеници уапсиле жител на Кичево поради сомневање дека од куќа во изградба во Кичево одзел повеќе предмети. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

Вчера во 14:30 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Б.Б. (20) од Кичево. Тој се сомничи дека претходно од куќа во изградба во населба Доло Пашино во Кичево одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржани во полициска станица, се наведува во соопштението на МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.