Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги утрово околу 09.30 часот на булевар „АСНОМ“ во Скопје, го лишиле од слобода К.Ж.(27) од Скопје.

Како што информираат од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик (Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста).

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.