Штипјанец нападнал малолетник од струмичко пртоа одземајки му ги парите кои ги имал со себе.
На 14.07.2023 во 10.45 часот во с.Трогирци, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.М.(37) од Штип. Тој се сомничи дека на 13.07.2023 во 18.30 часот на крстосница на ул.„Сремски Фронт“ и ул.„Солидарност“ во Штип физички нападнал малолетник од струмичко и одзел пари, соопштија од полицијата.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.