Во СВР Битола во вторникот претставници од Центарот за социјални грижи Битола пријавиле дека од основно училиште во Битола стигнало до нив известување дека ученик дошол во училиштето со телесни повреди.

Од страна на претставници на ЦСР и стручен кадар од училиштето бил извршен разговор со мајката и со сите нејзини три нејзини деца, ученици во второ, четврто и осмо одделение. Децата посочиле дека нивниот татко секојдневно ги тепал и ги малтретирал.

Од страна на полициски службеници од СВР Битола на 29.10.2024 во 20 часот лишен е од слобода Џ.Е.(43) од Битола и поднесена е кривична пријава по чл. 201 од КЗ „запуштање и малтретирање на малолетно дете”, соопшти МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.