75-годишен жител на Скопје ќе одговара за недозволено држење оружје, откако полицијата во неговиот дом открила цел арсенал: пушка „Збројовка“ и три пиштоли, соопшти полицијата.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.С.(75) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

„Пријавениот неовластено набавил и држел во својот дом малокалибарска пушка „Збројовка Брно модел 2“, калибар 22 ЛР, пиштол „Пиетро Берета” калибар 7,65 мм, пиштол „Црвена Застава” калибар 7,65 мм, пиштол „Валтер” калибар 9мм и 329 куршуми различен калибар, кои биле пронајдени при претрес“, се вели во полициското соопштение.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.