Уапсен 73-годишен крушевчанец во чиј дом полициски службеници завчера пронашле оружје и дрога. Тој бил приведен во полициската станица Прилеп и против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.
На 15.04.2024, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода крушевчанецот В.Ц.(73). При претрес во неговиот дом во с.Кошино, општина Долнени, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени при што одземени пиштол, рамка со куршуми, марихуана, грутчеста материја, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела, соопштуваат од полицијата.
Лицето било приведено во Полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.