Вчера од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, во содејство со СВР Куманово – ОВР Крива Паланка, лишен е од слобода С.Д.(27) од Крива Паланка, кој се сомничи дека сторил кривично дело „убиство“ врз М.Д.(76) од Крива Паланка, предвидено и казниво по чл.123 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.

На 21.11.2023, по извршена обдукција на телото на М.Д., кој бил пронајден починат во својот дом на 20.11.2023, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје било констатирано дека станува збор за насилна смрт, по што веднаш се преземени комплексни оперативно-тактички мерки и активности за расчистување на случајот. Притоа, извршени се претреси во дом и други простории, разговори со повеќе лица, обезбедени се материјални докази, а осомничениот е пронајден и приведен во полициска станица, каде во службен разговор тој во целост го појаснил извршеното тешко кривично дело.

За случајот сочинета е кривична пријава по брза постапка, која е доставена до ОЈО Куманово и С.Д. е изведен пред Основен суд Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.