Полицијата од Стар Дојран вчера го приведе П.К.(26) од село Јосифово за криумчарење на мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Околу 02:40 часот на магистралниот пат делница Марвинци – Удово, кај место викано „Калковска река“, полициските службеници забележале како од неговото возило „БМВ“ излегле мигранти, по што се дал во бегство. Набргу, тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти, од кои девет од Сирија и три од Пакистан. Тие се спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, се вели во соопштението.

Од МВР информираат дека П.К. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.