Охридската полиција рано утрово го приведе 19-годишниот М.П. откако неговите родители го пријавиле дека им се заканувал.
„Денеска (03.05.2024) во 01.50 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода М.П.(19) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 01.10 часот во домот агресивно се однесувал кон неговите родители и им упатувал закани“, се вели во соопштението од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.