Кракот на пожарот кој се движеше кон село Кошино, Општина Долнени, со исклучително прецизно и координирано дејство на Ер Тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување е ставен под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи.

Оттаму информираат дека се уште горат уште два крака со нискостеблеста деградирана шума, а на терен се уште се активни пожарникарите од ТППЕ Прилеп.

Рано наутро со првите мугри ќе се продолжи со гаснење на пожарот за кој очекуваме да стивне во текот на ноќта. Два полициски хеликоптери во 5.00 ќе бидат подготвени да полетаат доколку процениме дека има потреба од нивен ангажман, велат од ЦУК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.