Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.823 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 46,19%, а 53,81% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 48,66%, кон Итната медицинска помош 38,93%, а кон пожарникарите 5,37% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 7,05% со другите 53,81% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1.002 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

Инаку, иако заврна дожд околу пладне вчера речиси на целата територија на државата, сепак за половина ден имаше пожари на отворено, 14 вкупно од пријавените во Системот за управување со кризи. Истите пожари сите се изгаснати.

Пожарникарите, паралелно гаснејќи пожари во населените места, гаснea најмалку 14 евидентирани пожари на отворено, на места и со помош на локално население. Освен пожари на вегетација тие гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.