Во тетовското село Мала Речица, во 7.30 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.С.(44) од тетовско Долно Палчиште.
При преглед во патничкото возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека без соодветна документација превезува 204 штеки цигари од различни брендови, 24 кутии со тутун од еден килограм и 145 кутии со тутун од 500 грама, пиротехнички средства, 20 машинки за правење цигари и 36 кутии со вкупно 18.000 филтри за цигари, соопштија од МВР.
Возилото било одземено и заедно со лицето биле предадени во СВР Тетово за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 278Б од Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.