Денеска во Полициската станица Битола, извршен е службен разговор со П.П.(18), С.С.(18), С.А.(18) и еден 17–годишник кои се сомничат дека на 3 ноември околу 00:13 часот во Битола оштетиле и предизвикале пожар на кафемат, а од пожарот биле зафатени бандера и други околни предмети, соопшти МВР.

Тие го признале делото и по негово целосно документирање, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.