Во Велес вчера во 05.35 часот на ул.„8-ми Септември“ полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода три малолетни лица од Велес.

Тие биле затекнати при обид да извршат кражба во паркирани патнички возила и кај нив бил пронајден алат со кој требало да ги извршат делата.

Како што информираа од МВР, лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.