Вчера во 09.55 часот во Тетово на градскиот плоштад, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Х.Џ.(34), М.Џ.(33) и Ѓ.К.(41), трите од с. Пирок, тетовско.

Тие во СВР Тетово биле пријавени од М.Ф.(54) и З.Ф.(70) од с. Мала Речица дека околу 09:00
часот, додека биле во нивниот угостителски објект агресивно се однесувале кон нив и физички ги нападнале, користејќи и тврд предмет, а го оштетиле и инвентарот на угостителскиот објект.

Трите жени биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.