Полициски службеници уапсиле бегалец од затвор баран со потерница, осуден на казна затвор над десет години.

Денеска (10.08.2022) во 16:45 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје во населба Шуто Оризари во Скопје го лишиле од слобода Н.И. (28) од Скопје, кој бил баран со потерница од КПУ Идризово -Скопје, за доиздржување на затворска казна. Тој бил осуден по чл.236 од КЗ на РСМ на казна затвор во траење од 10 години и 9 месеци, а за доиздржување имал 5 години и 11месеци – информираат од МВР.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.