Бебе загинало во сообраќајна несреќа која се случила на 18 март близу Струмица.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила во 12:50 на патот Струмица – Ново Село, помеѓу селата Босилово и Турново.
Патничко возило „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 40 годишната В.Д.Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот. Од здобиените повреди починало бебе, кое било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во Медицински центар Струмица. Со телесни повреди се здобиле В.Д.Т. и сопатничката С.Т.(49) од село Доброшинци, струмичко, велат од МВР.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.