Припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ утрово влегоа во најголемиот затвор во државава. Како што потврдуваат од Основното јавно обвинителство Скопје се прават претреси поради сомневање за извршени кривично-правни дејствија.

Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово – Скопје со цел обезбедување доказен материјал, соопштија кусо од ОЈО Скопје.

Според информации на дел од медиумите, акцијата следувала по сознанија дека се подготвувала пресметка помеѓу две групи во затворот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.