Вчера во 16.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека С.З. од тетовско село извршил семејно насилство и физички ја нападнал неговата 38-годишна ќерка.
Полициски службеници и социјални работници од Центарот за социјални работи ја затекнале жената со повреди, по што била пренесена во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош, соопшти денеска СВР Тетово, чии екипи извршија и увид на местото.
Најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.