Тетовец заврши во болница со убодна рана откако бил прободен со нож од неговиот малолетен син.

По интервенцијата на надлежните, утврдено е дека синот имал психички проблеми поради што е префрлен во Психијатриската болница во Скопје на понатамошни испитувања.

На 01.01.2021 во 20.40 часот во СВР Тетово е пријавено дека во Клинички центар Тетово е донесен А.Б.(37) од Тетово, со убодна рана од остар предмет. При извршениот разговор со полициски службеници, А.Б. изјавил дека околу 20.00 часот, при расправија во неговиот дом, бил повреден од неговиот 17-годишен син, кој имал здравствени проблеми. Малолетникот е пренесен во Психијатриска болница Скопје – информираат од МВР.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.