Скопјанка е тешко повредена откако вчера како пешак настрада во сообраќајка во Ченто.

Како што соопшти МВР, во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од ул.„Јужноморавски бригади“, патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(27) од Скопје, удрило во В.Б.(74) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Б., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.