Вчеравечер во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(43) од село Трубарево, Скопско, удрило во паркирано товарно возило „ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.