Вчера во 08.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Сингелиќ, Скопско, товарно возило „форд“ на ЈП „Комунална хигиена“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш.(55) од Скопје, движејќи се наназад удрило во бетонски ѕид од куќа.

На металната конструкција од возилото стоел работникот М.П.(34) од Скопје, кој од ударот во ѕидот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.