Вчера во 12 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, патничко моторно возило „даеву матиз“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот гостиварец Г.Ѓ., удрило во електричен тротинет што го управувал 40-годишниот гостиварец У.К..

Во несреќата, У.К. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.