Вчера во 15:15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул. „Седе Костовски“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А. С. (42) од Скопје и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Гостивар.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во болницата во Гостивар. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.