Скопјанка на возраст од 48 години вчера пријавила дека пред околу две години нејзиниот поранешен партнер ја силувал малолетната ќерка.

-Вчера во 12:00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријавила дека пред околу две години, нејзиниот поранешен партнер И. Н. (44), во викенд куќа во кривопаланечко село извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот од страна на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.