Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Перо Наков“ и ул.„Боривое Милошевиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“, управувано од Ѓ.И.(28) од Скопје и мотоцикл „сузуки“, управуван од А.С.(45) од с.Арачиново, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.