Вчера во 19.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од ул. „Благоја Тоска“ со ул.„ЈНА“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.М.(35) од с.Шипковица, тетовско и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Н.И.(22), исто така, од с.Шипковица.

Како што соопшти СВР Тетово, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.