Тешка сообраќајна несреќа, во која настрада млада велосипедистка се случи вечерва на булеварот „Митропoлит Теодосиј Гологанов“ во близина на поранешната фабрика „Алумина“, пренесува „Скопје инфо“, според чии првични информации велосипедската поминувала на велосипедска патека кога во неa удрил возач со моторно возило „БМВ“.
Повредената девојка со возило на Итната медицинска помош е пренесена на Ургентен центар, а полицијата во моментов врши увид на местото на настанот, по што ќе се знаат повеќе детали.
Очевидци на терен за порталот сведочат за страшна сообраќајна незгода и додаваат дека од силниот удар патиките на девојката биле на десетина метри од велосипедот, кој во лоша состојба сведочи за силината на ударот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.