Вчера попладне во 15:00 во СВР Скопје било пријавено дека на скопската обиколница била прегазена 80 годишна старица. Сторителот избегал од местото на настанот.

„На 08.08.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат-обиколница на град Скопје, во близина на надвозник за Раштански пат, патничко возило удрило во пешакот Р.И.(80) од Скопје и го напуштило местото. Од здобиените повреди на местото на несреќата Р.И. починала, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.