На 12.11.2023 околу 13 часот, во СВР Охрид повикани се А.Т. и К.С. двајцата од Охрид. Тие, се сомничат дека заедно со уште едно лице од Охрид, во 02 часот, на паркинг простор пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички ја нападнале Б.Ј.(28), а потоа и Д.Ј.(34), двајцата од Охрид. Тие, според пријавата од Итната медицинска помош Охрид, добиена во СВР Охрид во 05.30 часот, побарале помош во службата за Итната медицинска помош во Охрид а потоа, биле пренесени во Општата болница каде, кај Д.Ј. биле констатирани тешки телесни повреди. Околу 10.30 часот во СВР Охрид, Б.Ј. и лично го пријави настанот. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.