Вчера во 16:30 часот во ОВР Свети Николе, Г.В.(28) од село Црнилиште, светиниколско, пријавила дека била нападната од куче по што завршила со тешки телесни повреди, соопшти МВР.

„На 8 март 2024 година во 16:30 часот во ОВР Свети Николе, Г.В.(28) од Црнилиште, светиниколско, пријавила дека во истото село, била нападната од куче, при што паднала и се здобила со тешки телесни повреди“, информираа од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.