Вчера во 15:40 часот во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Сретковски мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со скопски регистарски ознаки: „хундаи“ управувано од 56-годишниот Ш.С. од
тетовско Рогле и „фолксфаген голф“ што го управувал 55-годишниот Љ.С. од Скопје.

Како што соопшти СВР Тетово, во несреќата, возачот Ш.С. се здобил со тешки, а возачот Љ.С. со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.