Вчера околу 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со српски национални ознаки, управувано од Л.Т.(24) од Република Србија и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(30) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.