Одбраната на Жан Митрев на денешното рочиште побара одложување на судењето поради тоа што не им биле доставени сите докази од листата докази од јавното обвинителство и побара дополнителен рок од 20 работни денови за да извршат увид во доказите и 10 работни денови за подготвување на одбраната.

Одбраната мора да ги добие сите докази што се наоѓаат на листата на Јавното обвинителство, во иста форма како што ги доставил јавниот обвинител, побара еден од бранителите, дополнувајќи дека одбраната бара да ѝ се овозможи, како што рече, „елементарното право за подготовка на одбраната со одложување на ова рочиште“.

По долга дискусија, јавниот обвинител не го оспори барањето, а судот го прифати барањето и следното рочиште го насрочи за 13 јуни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.