Охридската полиција информираше дека пред два дена полицајци од ОВР Струга уапсиле 83-годишен жител на струшкото село Мислешево. Осомничен е дека со пушка го усмртил ловечкото куче на неговиот сосед.

Кај него била пронајдена пушка со калибар 16 милиметри за која има сомнеж дека ја употребил и усмртил ловечко куче сопственост на 43-годишен соселанец, информираат од полицијата.

СВР Охрид работи на расветлување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.