Хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со капацитет од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник на секторот за вонредни ситуации, е испратен врз основа на договор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателката на Македонија, Гордана Силјановски Давкова, се наведува во соопштението, пренесе Телеграф.

Инаку, Министерството за внатрешни работи на Република Србија, во текот на изминатата недела, поради ширењето на пожарите во источниот дел на Македонија, врз основа на официјалното барање на Центарот за управување со кризи на Владата на Македонија, пружила помош со испраќање хеликоптер „Агуста Бел 212“ со пет припадници на хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни ситуации.

Во изминатите три дена хеликоптерот на МУП оперираше во атарот на село Јамница, на територијата на општина Пробиштип и успешно учествуваше во локализирање на пожарот во атарот на населбата Долно Ѓуѓанци, кај градот Свети Николе, како и во атарот на селото Рамно на територијата на општина Старо Нагоричане, се додава во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.