16 годишен средношколец бил приведен во полиција по пријава на директорот на угостителското училиште „Лазар Танев“ откако преку социјалните мрежи се заканувал по животот на професори.

Ова за Канал 5 го откриле од Министерството за внатрешни работи.

Од обвинителството кое се уште ја нема добиено кривичната пријава велат дека се известени и дека постапуваат координирано со надлежните институции со цел реакција и превенција од вакви настани.

„Известен е јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста… –велат од МВР за Канал 5.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.