Вчера околу 12:30 часот во атар на село Прдејци од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за гранични работи „Југ“ е лишен од слобода Л.Д.(29) од Србија. Тој бил затекнат како на регионалниот пат Негорци – Прдејци во патничко моторно возило „ауди А6“ со српски национални ознаки превезувал 10 лица мигранти од Сирија, информираат денеска од МВР.
Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Гевгелија. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.