Во близина на Неготино, денеска во 12.15 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода М.Н.(30) од Република Србија.

При контрола во патничко возило „форд мондео“ со српски национални ознаки, кое го управувал, соопштија од МВР, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија. За настанот бил известен јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар.

По целосно документирање на случајот против М.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.