Мобилен тим на Царинска управа викендов спречи криумчарење на два тони месо штетно за здравјето на граѓаните. Превозникот воедно и сопственик на транспортното возило, месото не го пријавил со царинска декларација, а за истото не поседувал ниту ветеринарен сертификат. По поднесена кривична пријава, донесена е и пресуда за сторено кривично дело, криумчарење на стока.
Имено, во саботата на царинска испостава Богородица на влез во државата се пријави товарно возило со грчки регистарски таблички, за коешто со царински документ беа пријавени 28 колети вода, пити, салати и пиперки. Заради извршување на детален преглед возилото е пренесено во јавен царински склад, каде по отпочнување на прегледот превозникот изјавил дека има и друга непријавена стока, замрзнато свинско месо, чија што вредност согласно дополнително приложените документи изнесува 11 илјади евра.
Случајот е преземен од страна на инспектори во Одделение за истраги при Сектор за контрола и истраги, кои поднесоа кривична пријава до Основен кривичен суд Гевгелија, каде е донесена пресуда за сторено кривично дело „Криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик.
Царинска управа согласно своите приоритети во континуитет спроведува акции за сузбивање на сите форми на криминал, грижејќи се за безбедноста на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.