Вчера во вечерните часови, царинските инспектори од мобилните тимови од Одделението за оперативни работи на Царинската управа, во камион на влез во државата на граничниот премин Богородица, открија случај на криумчарење на златен и сребрен накит.

 

При спроведената детална контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, кое пренесувало стока од Турција, во празнина позади инструмент таблата во возачката кабина, се пронајдени непријавени кеси во кои имало 573 грама златен накит и 2408 грама сребрен накит.

 

Стокaта е привремено задржана и предметот е предаден на Одделението за истраги за понатамошна постапка



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.