Четирисет и деветгодишна жена од Скопје пријавила напад во полиција.

Како што информира МВР, С.В.(49) од Скопје синоќа во 20:07 часот во Полициската станица Ѓорче Петров пријавила дека во 19:45 часот на паркинг на подрачје на Ѓорче Петров била физички нападната од О.Ѓ.(40) од Скопје.

Според пријавата, нападот бил по претходна расправија.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.