Станува збор за 34-годишно лице од Битола. Полицијата извршила претрес на две локации кои ги користело лицето и пронашло предмети поврзани со подметнувањето на пожарот

Случајот со пожарот во бугарскиот центар „Иван Михајлов“ во Битола на 4 јуни е разрешен и веќе има едно приведено лице, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се зедоа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара! – вели Спасовски.

Влезот од клубот во Битола беше запален во утринските часови на во утринските часови на 4 јуни, а случајот наиде на осуда од македонските и од бугарските власти. Увид на местото на настанот изврши и обвинител од Основното јавно обвинителство кој даде наредба за вештачење како и на обезбедување на снимките од безбедносните камери во околината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.