Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за гасење на пожар на територија на општина Чешиново-Облешево, помеѓу Кочани и Пробиштип, упати хеликоптер од типот Ми-171, кој исфрлил над 60 тони вода.

Како што информираат од МВР, особено се делувало во крак од пожарот кој се наближуваше кон село Врбица и пожарот на тој потег е ставен под контрола.

Исто така, со хеликоптерот Ми-171 се извлечени пет пожарникари од ТППЕ Кочани кои беа обиколени од оган и чад од сите страни и се оставени на сигурно, а со истиот хеликоптер беа транспортирани и 11 пожарникари на највисоката точка на пожарот за негово пресекување, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.