Наместо празнична честитка за Бадник, денес сум принуден како Градоначалник да Ве известам за заканите и уцените со кои се соочувам секој ден, вели Димитар Костадиноски, градоначалник на Општина Јегуновце.

Имено, вчера на ден 05.01.2022 година, во 11:30 часот, во просториите на Oпштина Јегуновце, поточно пред архивата, додека поминував слушнав арогантен однос спрема архиварката од лице кое инсистира да направи фалсификување на документи односно да повлече фактури од 17.09.2021 и да внесе нови изменети фактури со ист датум.

Лицето кое се закануваше на архиваркате е управител на фирма за електро материјали кој два месеци се обидува преку архивата да антидатира 4 договори и 4 фактури односно да ги внесе во деловодникот.

Најучтиво му укажав дека обидите за фалсификување нема да ги дозволам и доколку се чувствува оштетен слободно да востанови судски спор.

Управителот на фирмата се нафрли и на мене и со најпогрдни зборови пред архиварката и уште една вработена, ме омаловажуваше и ми се закануваше.

Се воздржав од било каква конфронтација и го замолив да ја напушти општинската зграда и дека пет пат му укажав дека за неговото побарување е избегнато тендерска постапка за набавка на сијалици за улично осветлување, дека и покрај избрана на тендер друга фирма за електро материјали, неговата фирма без заведен договор за набавка и без заведени фактури во архивата, бара исплата на 4 000 евра, односно 4 фактури по илјада евра плус ДДВ, за заменети 6 сијалици за улично осветлување во центарот на с.Јегуновце и 19 сијалици во приватен имот.

Управителот на фирмата револтиран ме пријавил во полиција. Полицијата направи увид во 13 часот, зеде изјави од мене и од вработените присутни на настанот и констатираше дека се работи за лажна пријава и дека пријавителот бил тој што навредувал и омаловажувал.

Веднаш после увидот на полицијата започнаа притисоци врз вработени да даваат лажни изјави, во полиција Записникот наместо лажно пријавување и омаловажување кон мене, хибридниот режим предводен од СДСМ прави преквалификација и пишуваат пријава за вербален напад од моја страна спрема управителот на фирмата со незаконски побарувања од општина Јегуновце.

Почитувани,

Јас ќе ја заштитам Општина Јегуновце и Буџетот на општината од сите незаконски побарувања и фиктивни трошоци и ќе одолеам на сите притисоци и закани кон мене.

Во понеделник ќе поднесам соодветни поднесоци до Јавното обвинителство за до крај да се обелодени како се работело и како се обидуваат да продолжат да испумпуваат пари од Буџетот на општината, и да не дозволам со измислени и сценирани настани да ми вршат притисок да плаќам незаконски фактури.

За многу години да ни е Бадник и денешниов ден“, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.