Полициски службеници на СВР Тетово, на 20 декември околу 20 часот и 30 минути во тетовско Јажинце, во близина на граничниот премин, лишиле од слобода малолетник од Република Косово.

Тој во 19 часот бил пријавен од 18-годишна жителка на тетовско село дека ги злоупотребил нејзините лични податоци и дека и се заканувал дека на социјалните мрежи ќе објавел нејзини експлицитни фотографии и податоци ако не му платела одредена сума пари.

По целосно документирање на случајот на малолетникот од Косово ќе му бидат изготвени поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.