Вчера (2 април) во 15 часот и 15 минути во СВР Тетово повикан е В.А.(37) од тетовска Стримница, кој претходно бил пријавен од 50-годишна тетовка дека кон крајот на минатата година, заканувајќи им се на неа и на нејзините деца, изнудил таа да јапродаде сопствената куќа, наводно во замена за стан во Тетово и пари.
Но, според пријавеното, ниту добила стан, ниту пари, иако потпишала купопродажен договор.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и против В.А. ќе следува поднесок, велат од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.