Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против четири лица за кривично дело насилство, информираат од ОЈО Гостивар.

Настанот се случил на 22.06.2021 година, кога четворицата жители на гостиварската населба Циглана, извршиле грубо насилство им ја загрозиле сигурноста, телесно повредувајќи две жени.

Откако една од жените дошла во дворот на еден од обвинетите за да го побара својот сопруг, обвинетиот 45-годишник ја нападнал, ја фатил за коса, ја турнал на земја и почнал да ја удира со клоци. Му се приклучиле и останатите тројца обвинети, на возраст од 20, 31 и 22 години, удирајќи ја оштетената по целото тело. Првиот обвинет зел и палка, па продолжил да ја удира. Во тој момент, кон оштетената тргнала уште една жена која сакала да и помогне, но обвинетите ја турнале и таа паднала во бессознание, информираат од ОЈО Гостивар.

Поголем број сведоци на настанот исто така се почувствувале загрозени и повикале полиција. Кога пристигнале, полициските службеници биле принудени да испукаат неколку проектили во воздух за да ги смират и оттргнат обвинетите. Двете жени во инцидентот се здобиле со телесни повреди



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.